петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 13
home Општини

Митко Јанчев реши уште еден проблем во Кавадарци

Митко Јанчев реши уште еден проблем во Кавадарци

Општината Кавадарци реализираше уште еден комунален проект. Жителите на Ваташа добиjа на користење уште една ревитализирана улица. Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци заврши со поплочување на ул. „Перо Видев“ на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со ул. „Данко Дафков“. На оваа улица се спроведе поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни. Претходно општината преку ЈП „Комуналец“ на истата траса изврши реконструкција на водоводната линија во должина од 200 метри
И овој проект, општината го реализираше на барање на граѓаните, при што обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа. Објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.