сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Општини

Митко Јанчев реши децениски проблем во Кавадарци

Митко Јанчев реши децениски проблем во Кавадарци

Општина Кавадарци продолжува со комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со реализација на комунален проект за урбанизирање на крак од улицата „25-ТИ Мај“. Според проектот ќе се работи на бетонирање на улицата која се наоѓа над големиот потпорен ѕид. А за пристап ќе се изградат и скали. Денеска на таа делница се поставуваа рабници, по што ќе уследи бетонирање. Предвидено е да се бетонираат 400 метри квадратни. Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди пристап на жителите од тој дел на градот. За пристап до нивните домови тие повеќе нема да газат прашина и кал. Општината со овој зафат им решава децениски проблем, објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.