четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 189
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

home Општини

Митко Јанчев четири години ја донирал платата, така ќе продолжи

Митко Јанчев четири години ја донирал платата, така ќе продолжи

Kандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев денеска изјави дека платата ја донирал, не користел службено возило и така ќе продолжи.

Кажа дека парите стигнуваа до социјално загрозените семејства, лица кои имаа потреба од лекување, талентирани ученици и студенти.

„Преку Фондацијата „Никола Јанчев”, два пати во годината се донираа средства таму каде што е најпотребно“, рече Јанчев.

Тој најави дека во наредниот четиригодишен мандат, исто така, се откажува од градоначалничката плата и користење на службено возило. Тие средства, рече дека ќе бидат отстапени на оние кои имаат потреба од помош.

Локални избори 2021