петок, 13. мај 2022. Вести денес: 23
home Општини

Митевски: Граѓаните гласаа за мене бидејќи заедно изградивме индустриски град во општина Петровец

Митевски: Граѓаните гласаа за мене бидејќи заедно изградивме индустриски град во општина Петровец

„Граѓаните кај мене препознаа пред се човек кој што е близок со народот, човек она што го ветува го исполнува, што кога ќе станеш градоначалник не полетуваш и ги забораваш своите пријатели. Гледаат дека јас како градоначалник заедно со моите вработени од Општината, со советниците се грижиме пред се за најмладите при што изградивме градинки и училишта за нив“, истакна Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец во гостување во утринска емисија на Алфа телевизија.

Митевски додаде дека училиштата добија комплетна реконструкција со цел децата да имаат соодветни услови за образование.

„Направивме и најубаво училиште во Република Македонија. Нашето училиште е прогласено за најубаво. И сега нормално како последно некаде март, средина на март ќе поставуваме камен темелник на нова општинска зграда. И тоа граѓаните го гледаат и наградуваат“, појасни Митевски.

Митевски посочи дека Петровец е една од водечките општини во државата, дури и една од најбогатите.

„Како станавме најбогати? Имавме и претходно градоначалници кои што викаа дека местоположбата го прави своето. И местоположбата но и работата на градоначалникот тоа го прави. Значи јас кога дојдов немавме никаков урбанистички план за индустриски зони. Јас за две години направив урбанистички план на најголема индустриска зона во Република Македонија. Значи први беше 200 хектари, односно поточно 196 хектари, па ја проширив за уште 30 хектари што значи дека некаде околу 230 хектари. И целата е продадена на инвеститори и таму се гради. Таму изникнува еден индустриски град“, рече Митевски.

Митевски укажа дека во моментов уште три фирми до март ќе ги отвораат своите погони и бараат работници.

Коронавирус