петок, 4. декември 2020. Вести денес: 74
home Општини

Мисајлески: Продолжува урбаното насилие во Општина Ѓорче Петров

Мисајлески: Продолжува урбаното насилие во Општина Ѓорче Петров

Славчо Мисајлески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека продолжува урбаното насилие во Општина Ѓорче Петров.

-Продолжува урбаното насилие во Општина Ѓорче Петров!!! После планот во Хром каде што се вцртаа 100 нови згради мнозинството во советот предводено од Коалицијата на СДС на последната седница со 12 гласа За и 11 Против го изгласа ДУПот СЗ 24, Блок СЗ 24.03 на месноста Јурија во населба Дексион каде што се предвидува градба на огромен комплекс на згради високи 58 метри со 18 ката придружено со огромни деловни и трговски центри. Планот опфаќа изградба на станбени згради со вкупно 774 станови, со 90544м2 вкупна површина за домување (19000м2 во основа) и вкупно нови 2786 жители. Со овој план влезот на Ѓорче ќе биде затворен со огромен 60метарски sид а демографската слика во населба Дексион комплетно ќе се промени со доселувањето на близу 3000 нови жители. Со зголемената фреквенција на луѓе и возила во огромните деловни и трговски центри во комплексот целосно ќе се промени начинот на живеење на жителите од Дексион, оној мирен и спокоен живот што го имале досега ќе стане минато. Влезот на свеж воздух во општината преку реката Вардар од састав ќе биде запрен. Исто така во планот не е предвидено основно училиште што значи дека тие жители ќе мора да ги носат децата во околните училишта а градинка е вцртана замислете во склоп на трговски центар со што се остава сомнеж дека воопшто ќе се постои.
Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Ѓорче Петров бевме против овој план и се спротивставивме на неговото носење и секогаш ќе застанеме зад интересите на нашите сограѓани кога ќе сметаме дека се загрозени. За жал истото не го направија советниците од мнозинската коалиција предводена од СДС (освен еден советник) и гласаа по налог и во интерес на градоначалникот Наумовски.
Овој план е со далекусежни последици за општина Ѓорче Петров и населеното место Дексион. Ние како одговорни чинители и жители на оваа општина не смееме да дозволиме ова нешто што го имаат осмислено да се реализира. Затоа укажуваме дека како советници секогаш ќе бидеме против ваквото урбано насилие и ќе ги користиме сите расположливи демократски мерки за да спречиме негова реализација, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Продолжува урбаното насилие во Општина Ѓорче Петров!!! После планот во Хром каде што се вцртаа 100 нови згради…

Posted by Славчо Мисајлески on Tuesday, September 1, 2020

Коронавирус