понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: Проектите за Охрид ќе се реализираат врз принципите на чесност, посветеност и одговорност

Милошевски: Проектите за Охрид ќе се реализираат врз принципите на чесност, посветеност и одговорност

За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Охрид може поубаво и знае подобро. Градот мора да функционира и да се усовршува вистински со европски и современ лик. Охрид гордо ќе чекори по патот на достоинството и можностите, а не понижено по патот на црнилата и небиднината, изјави на денешната прес-конференција Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од редовите на Коалицијата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека во кампањата влегува со визија и сила, преголема одговорност и позитивна енергија.

– Отвореноста со народот и охриѓани, продолжува и со Канцеларијата за граѓани јакнејќи ги демократските капацитети на градот. Раката е подадена за секој граѓанин бидејќи сите сме една целост. Секое место, секое маало, секоја улица, секој праг е Охрид. И заедно ќе бидеме и во овој период и потоа. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела, рече Милошевски.

За охриѓани рече дека се вредни луѓе, еснафи, домаќини кои заслужуваат и подобро и повеќе.

– Ги знаеме проблемите и имаме решенија кои ќе Ви ги презентираме секојдневно. Треба да се работи, да се работи и да се работи, да се чувствува пулсот на градот, да се биде посветен. Позитивната енергија и силната мотивираност да ја пренесеме до сите за да се сфати нашата порака за победа на 21 април, рече тој.

Коронавирус