среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 103
home Општини

Милошевски ги повика охриѓани отворено да ги изложат своите идеи, размислувања, предлози 

Милошевски ги повика охриѓани отворено да ги изложат своите идеи, размислувања, предлози 

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски денеска ги повика граѓаните активно да се вклучат во изнаоѓањето решенија за сите нивни проблеми и прашањата поврзани со градот Охрид, преку неговата канцеларија или граѓанскиот штаб.

– Oтворенoста кон Вас е одговорност доколку целта е пронаоѓање одговор и решение за сите работи поврзани со нас и градот Охрид. Само на тој начин демократските и моралните капацитети ќе бидат на највисоко ниво. Канцеларијата за комуникација со граѓаните или граѓанскиот штаб овозможува наша директна комуникација со цел да се изгради широк граѓански капацитет во целост, рече Милошевски. Тој истакна дека тоа е одлична можност да се слушнат идеите, размислувањата и предлозите на граѓаните.

– Канцеларијата ќе биде наше заедничко катче каде што граѓаните секој ден ќе имаат можност да се сретнат со мене и мојот тим и да ги кажат нивните размислувања. Канцеларијата ќе биде отворена секој ден од 10 до 21 часот и ги повикувам граѓаните да се обратат со свои идеи, предлози, проблеми, пофалби, критики, рече Милошевски, притоа истакнувајќи дека преку неговата изборна програма насловена „За Убав град“, Охрид не само што ќе се помести од една мртва точка, точка на стагнација, туку значително ќе напредне во својот развој.

Коронавирус