вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Општини

Милевски: За Битола, традицијата, фолклорот и културата, само лицемерие од власта

Милевски: За Битола, традицијата, фолклорот и културата, само лицемерие од власта

За Битола, традицијата, фолклорот и културата, само лицемерие од власта.
Денес на отворањето на илинденски денови фестивал со огромна традиција во очи на најголемиот празник ИЛИНДЕН на свеченото отворање ја немаше градската маќеа на градот Наташа Петровска која сега е во улога на градоначалник на општина Битола.
Високите партиски функционери на СДСМ никаде ги немаше исто како градоначалничката.
Па и директорите на државни компании не им е фолклорот така мил како фотељата.
На функционерите на СДСМ колку им значи традицијата, фолклорот и културата можи да се види од нивниот однос кон овој фестивал.
Толку да не се почитува своето толку да се биде арогантен, тоа значи дека немате почит ниту кон својата држава, историја ниту кон жртвата која за Илинден многумина ја дадоа и го положија својот живот. За оваа Македонија со која вие привремено управувате и ги користите сите благодети на власта !
Срам и арам да ви е !
На сите МАКЕДОНЦИ !
За многу години ИЛИНДЕН !
Нека се множат годините кога го славиме непокорот на македонскиот народ !, пишува претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.

Коронавирус