петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 116
home Општини

Милевски: Се казнуваат ли селективно вработените во Општина Битола и другите јавни претпријатија ?

Милевски: Се казнуваат ли селективно вработените во Општина Битола и другите јавни претпријатија ?

Почитувани сограѓани, мои битолчани и битолчанки, Вие кои што очекувавте од Петровска “живот”, имате право да знаете каде беше тој во 2020-та која замина, истакнува Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Јавно ве прашувам :

– Дали селективно се казнуваа вработените во Општина Битола, Јавните претпријатија и сите други институции ? 

– Дали против првите лица во општината се поднесени најмалку 2 пријави за мобинг и други постапки кои се во судски процедури?

– Чија одлука е конечна за битолчани на секретарот или градоначалничката ?

Заборававивте дека кој се одмаздува после победата, не ја заслужува.

– Кога сме кај Судовите и вработените и покрај 50-ина нововработени само во Општина Битола, дали е ангажиран правен застапник на општината и тој секој месец инкасира 500 евра пари на Битолчани ?

– И дали досега нема добиено ниту еден случај за Општина Битола ? 

 Ако се прашувате кој е станува збор за висок партиски кадар на СДСМ. 

Убеден сум дека ваков „живот“ не ни е потребен и во 2021 година. 

Битолчани на Вас е редот да одлучите.

Ве повикуваме да се ослободете од притисокот и да се обратите кај нас, повелете во нашите простории тука сме да си подадеме рака преку овозможување на стручна бесплатна правна помош на секој случај на дискриминација или малтретирање на работно место. 

Почитувани нашата поддршка и конкретна борба ви ја нудиме Вас на граѓаните во секое време, а не само за време на избори.

 ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вашиот глас, ќе ја информираме јавноста со какви притисоци се служи власта за да контролира и манипулира. 

Примерот поправа многу повеќе од прекорот, охрабрете се и приклучете ни се на борбата.

Целта им е да заплашуваат и да владеат, но да им кажиме дека време е да си одат и на тоа заедно со вас сите посветено да работиме во текот на целата 2021 година до конечниот пад на „Лажниот живот”. 

Почитувани битолчани само на овај начин и заедно ќе го обезличиме наводниот живот кој во минативе години го узурпира нашиот град.

Во новата 2021 година нека ве води мислата дека водилка во животот се само борбата за правда и вистина, од таму секој човек е виновен за секое добро кое можел, а не го направил.

Да ја создадеме заедно Битола која ја заслужуваме!  

Среќни празници и многу здравје.

Коронавирус