четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 200
home Општини

Милевски: Оваа власт во заминување ги живее последните денови, нивната неспособност, криминал и одмазништво мора да бидат поразени

Милевски: Оваа власт во заминување ги живее последните денови, нивната неспособност, криминал и одмазништво мора да бидат поразени

Демократска и космополитска Битола досега не памети вакви избори во кои на секој чекор нашите активисти и приврзаници секојдневно се следени и легитимирани при извршувањето на редовните изборни активности. Не памети притисоци и поткуп од вакви размери. Неколку денови наназад зборуваме за притисоците на кои се жртви битолчани, а по налог на Христо Кондовски и Љупчо Николовски генералниот секретар, а сега и стечаен управник на битолската СДСМ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Пеце Милевски претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Почитувани мои битолчани, ве охрабрувам да не подлегнувате на притисоците, заканите и уцените. Јасно им порачуваме ваквите притисоци не не плашат и ни даваат уште поголем мотив и сила. Не ги плашат ниту граѓаните, кои се мудри, достоинствени и пркосни. Оваа власт во заминување ги живее последните денови. Нивната неспособност, криминал, одмазништво и предавство мора сега да бидат поразени! Во текот на вчерашниот ден, при реализирањето редовните средби со граѓаните, бевме застанати од страна на неуниформирани полициски службени лица со необележано полициско возило – MERCEDES S класа со пуштени флешери, како најголеми криминалци и ни беше извршен личен претрест и преглед на возилото во населбата Долно Оризари, вели Милевски.

Тој додава дека во рок од 24 часа беа, исто така, легитимирани нашиот кандидат за градоначалник кој беше во исто возило со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски

-За сите овие притисоци веднаш ги информиравме сите релевантни домашни и меѓународни институции и амбасади. Затоа почитувани граѓани на општина Битола, ЗАЕДНО на 31 октомври во недела да им го дадеме одговорот кој го заслужуваат, истакна Милевски.

Коронавирус