вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 150
home Општини

Милевски: Кондовски да каже дали тој даде налог на директорите на ЈП да вршат притисок врз вработените и дали се познати лицата кои даваа поткуп во Баир?

Милевски: Кондовски да каже дали тој даде налог на директорите на ЈП да вршат притисок врз вработените и дали се познати лицата кои даваа поткуп во Баир?

Промените почнаа, ВМРО ДПМНЕ освои 22 градоначалници уште во првиот круг наспроти само 9 на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ е победник и во Битола! Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Христо Кондовски на првото појавување после големиот пораз во првиот изборен круг, им кажува на граѓаните дека ќе продолжел со позитивна и скапо платена кампања, вели Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Денес го прашувам Христо Кондовски дали во неговата позитивна и скапо платена кампања со СДСМ се опфатени и притисоците, заканите, уценитеи малтретирањата од страна на овластени службени лица блиски до СДСМ  врз граѓани на денот на гласањето? Дали тој даде налог за вакви притисоци токму во местата каде знаеше дека ја нема поддршката од граѓаните пример во Д. Оризари, Јени Маале? Христо треба да одговори, дали му се познати луѓето на кои главна задача им беше поткупот на битолски Баир? Христо Кондовски треба да одговори дали дал налог на директорите на јавните претпријатија, кадри на неговата партија СДСМ да вршат притисоци врз вработените и да бараат списоци со граѓани кои ќе го дадат гласот за него? Почитувани битолчани, ве охрабруваме да не потпаѓате под притисоците, уцените и заканите, слушајте го својот глас кој ве води кон подобро утре, истакна тој.

Милевски порачува дека ниту една изборна математика не може да ја смени слободната волја на граѓаните.

-Не постои притисок кој може да ги натера битолчани да не го дадат својот глас за оној кој победува. Почитувани, нашиот кандидат д-р Тони Коњановски е човек кој цел свој живот го помина работејќи во и за Битола. Така ќе биде и од 31 октомври, бидејќи Тони Коњановски ќе биде новиот градоначалник на Битола, бидејќи тоа е гласот на битолчани! Тоа е гласот за победа на Битола, вели тој.

Коронавирус