понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 37
home Општини

Милевски: Гарантираме граѓаните ќе ги носат одлуките за својот живот и својата општина

Милевски: Гарантираме граѓаните ќе ги носат одлуките за својот живот и својата општина

Почитувани битолчани гарантираме новата локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе воспостави директна комуникација со граѓаните, со урбаните и месните заедници, истакна носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Битола, Пеце Милевски.

-Гарантираме висока транспарентност и интеракција со граѓаните при одредувањето на приоритетите во годишните програми за асфалтирање, водовод, канализација и други инфраструктурни зафати.

Ќе формираме Совет на урбани и месни заедници, кој квартално ќе се состанува со градоначалникот и ќе одлучува за одредување на приоритетите.

Гарантираме формирање посебна комисија од општинската администрација која постојано теренски ќе ги согледува, евидентира, проверува и пријавува проблемите и ќе врши контрола на реализацијата на проектите.

Ќе креираме апликација за индивидуално пријавување, секој граѓанин да има можност да доставува свои идеи и проблеми од надлежност на локалната самоуправа.

Гарантираме отворени денови на општината за идеи, како можност за директни и непосредни средби со граѓаните.

Гарантираме непосредно учество на урбаните и месните заедници во алокацијата на средствата на буџетот. 5% проценти од годишниот буџет директно ќе биде наменет за проекти понудени и изработени од урбаните и месните заедници, а граѓаните директно ќе одлучуваат за приоритети.

Првите три проекти влегуваат во Програмата за следната година.

Постојаната комуникација со граѓаните, придонесе да направиме темелна анализа и да ги согледаме сите приоритети важни за животот на сите во општина Битола.

Граѓаните ќе станат активни учесници во распоредувањето на средствата од буџетот и директно ќе ги носат одлуките за својот живот и својата општина.

Заедно, за седумката на седумнаесетти!, додава Милевски.

Коронавирус