среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 6
home Општини

Миленковски: Анастасов наместо напредок на општина Пробиштип ја врати со децении наназад

Миленковски: Анастасов наместо напредок на општина Пробиштип ја врати со децении наназад

На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип истакна дека градоначалникот наместо да ја модернизира општината тој ја врати со децении наназад.

-Изминуваат две години од кога СДСМ ја презема локалната власт. Две години во кои наместо напредок ние се вративме со години наназад, истакна на прес конференцијата Маријан Миленковски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип.

Миленковски го потсети градоначалникот дека во текот на кампањата ветуваше се само за да победи, а од тоа ветено ништо не исполни. И тој е како неговиот ментор Зоран Заев. Половина мандат градоначалникот на Пропиштип го помина во барање на оправдувања само за да не го исполни тоа што го ветуваше пред изборите. Неговата неспособност, и немање капацитет за изнаоѓање на решенија за подобрување на општината излегоа на виделина.

Ја имавте шансата да бидете градоначалник на сите граѓани на општина Пробиштип, и да дадете оставка од претседателската функција на општинската организација на СДСМ Пробиштип, но не. Вие се изборивте за уште еден мандат само за да ја искористите позицијата градоначалник и претседател и со самото тоа да ги вдомите своите партиски активисти во сите државни и локални институции, додаде Миленковски.

Миленковски посочи дека овие две години граѓаните не видоа ниту еден капитален проект, освен предаптација на 300м2 на училишната кујна во детска градинка. Останатите проекти беа веќе започнати од претходната власт. Можеби градоначалникот има намера и да изврши предаптација на здравствената установа во старечки дом, а не во гедијатерски центар како што ветуваше.

Каде ви се тротоарите што ги ветивте во Програмата за улицата „Илинденска“, „3-ти Април“, „28-ми Август“, „Партизанска“ и населба Камењар? Каде ви е реновирањето на улицата „Тодор Александров“ до училиштето? Санација на улица „Христијан Тодоровски Карпош“, асфалтирање на патот меѓу двете чешми во населба Калниште. Две години го стопиравте проектот за реконструкција на патот Пробиштип – Крупиште, за на крај го изгребете горниот асфалтен слој со смешно оправдување, а не водејќи сметка за штетата што ја трпат граѓаните на Пробиштип, потсети Миленковски.

Миленковски заклучи дека штетата на Општина Пробиштип веќе е направена, оваа локална власт нема визија, а ниту идеа за тоа како треба да се развива општината.