петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Општини

Миле Јаневски- Џингар се бореше и загина за Република Македонија, а не за некаква „Северна“

Миле Јаневски- Џингар се бореше и загина за Република Македонија, а не за некаква „Северна“

Доволни се буквите на објектот со кои е истакнато и обележано името на училиштето!!!

Зарем толку беше неопходно јавно да го валкате големото име на херојот на градот ?Дали има обврска за истакнување и ако има каде е предвидена ? Дали е запазена постапката со измена на потребните акти и одлуки од соодветните органи на управување?
Ако за вас тоа е триумфален чин со кој слепо ги следите наредбите на локално и државно ниво, за многумина граѓани е неприфатливо и чин на предавство на ликот и делото на Миле Јаневски-Џингар кој се бореше и загина за Република Македонија.
Се запрашавте ли претходно дали? со тој чин ќе предизвикате некому болни и тешки спомени кои оставиле траен белег и никогаш не може да се пополни големата празнина во нивните срца и мисли.
Очигледно не, уште и без совест и срам денес се поклонувате и чествувате, а со вашите постапки покажавте колку навистина се искрени вашите зборови и дела.

Најмалку што може да направите е да ја отстраните таблата, видно се гледа името на училиштето со истакнатите букви, ако досега од неговото осамостојување така функционирало, може и во иднина !!!
Впрочем тоа е општинско училиште и тоа е доволно обележје.
Институциите не се ваша своина тие се јавни и ‘им припаѓаат на граѓаните !!!, пишува Брегалнички.мк.

Коронавирус