вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 87
home Општини

Мицкоски: Секаде во светот книгите се купуваат бидејќи се вредност, само кај нас Заев и Царовска ги палат – Знаењето кај нас со Заев завршува на депонија

Мицкоски: Секаде во светот книгите се купуваат бидејќи се вредност, само кај нас Заев и Царовска ги палат –  Знаењето кај нас со Заев завршува на депонија

И морам да ги прокоментирам вчерашните снимки на кои се гледа како со тракторска приколка се носат книги во депонија за палење. Секаде во светот книгите се купуваат бидејќи се вредност, само кај нас Заев и Царовска ги палат. Знаењето кај нас со Заев завршува на депонија. Па тоа ни на Луј 14 не би му текнало, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Прилеп.

Мицкоски додаде дека има една анегдота од времето на комунизмот што се пренесува. Велат дека ги забранувале козите затоа што на некој висок функционер кога бил дете козата му го изела букварот.

-Кој знае какво искуство со книгите имале сегашниве функционери на СДСМ или пак лично Заев, штом толку имаат против печатените учебници. Лудо време дојде драги пријатели, кога се апсат луѓе со испечатени учебници, додека други што продаваат дрога слободно се шетаат по улиците. Се казнуваат книжарници, а се отвораат плантажи со марихуана. Изгледа Заев не гледал и не гледа аир од книгите, бате нема печатница или книжара, па затоа е ова лудило на власта, нагласи Мицкоски.

Локални избори 2021