среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 108
home Општини

Мицкоски: Илчо Захариев има сериозен белег оставено во Штип, Јорданов е со силен капацитет и визија тие би биле одличен тандем за Штип

Мицкоски: Илчо Захариев има сериозен белег оставено во Штип, Јорданов е со силен капацитет и визија тие би биле одличен тандем за Штип

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ зборуваше за локалните избори за Штип и се осврна на претходниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов. Според него тоа се квалитетни тандеми, луѓе кои што ќе работат за интересите на Штип и штипјани.

-Господинот Захариев навистина има оставено силен белег овде во Штип и тоа се чувствува насекаде и во разговорите со штипјани но би рекол и пошироко во регионот. Илчо е навистина еден прекрасен човек, една прекрасна личност која што знам дека многу сериозно мисли за иднината на Штип е сериозно загрижен за ситуацијата во која што денес се наоѓа Штип. Иван Јорданов е еден прекрасен млад, амбициозен човек полн со енергија, идеи кој исто така има една прекрасна визија за Штип како Штип треба да се развива во иднина така што капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип е навистина огромен и станува збор за прекрасни луѓе, луѓе кои можат многу да дадат за Штип и за штипјани јас мислам дека тоа ќе бидат исклучително квалитетни тандеми, екипа на луѓе кои што ќе работат за интересите на штипјани и ќе го постават Штип онаму каде што му е местото зошто за мене лично а и за нив Штип претставува посебно историско место за Македонија, рече Мицкоски

Коронавирус