вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Општини

Мета: „Охридски комуналец“ ги раскина договорите со фирмата на Нефи Усеини

Мета: „Охридски комуналец“ ги раскина договорите со фирмата на Нефи Усеини

Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“ на седница која се одржа денеска донесе одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК на Нефи Усеини, советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид. Како причина е наведен судир на интереси, објави Мета.

Одлуката уследи по препорака на Државната комисија за спречување корупција и мислењето кое таа го испрати до Општина Охрид дека општината не може да влегува во деловни односи со фирма каде како сопственик се наоѓа член на Советот или е во сопственост на негови блиски лица. Антикорупциска вчера отвори и предмет за дивоизградената пицерија на Усеини кај Чинарот.

Со фирмата НИФИ ИК, ЈП „Охридски комуналец“ имал склучено вкупно три договори.

– Едниот е за набавка на градежни материјали, другиот за одржување на депонијата Буково и третиот кој не е уште почнат со реализација, е за користење на возило со кран дигалка за сечење на опасни дрва – вели директорот на „Охридски комуналец“ , Љупчо Грданоски.

Според Грданоски, најпроблематично за ЈП е поништувањето на договорот за одржување на депонијата Буково, вреден околу 47.000 евра.