среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 121
home Општини

Мештаните во страв, мечка уништи имот во Битуше

Мештаните во страв, мечка уништи имот во Битуше

Неколку часа по полноќ мечка го уништила имотот на семејството Божиновски во село Битуше. Дивото животно во потрага по храна ја урнало бетонска ограда и направило огромна материјална штета, обидувајки се да го испразни пчеларникот уништила неколку пчелни семејства, пишува Сител.

– Пчеларникот е на само неколку метри од куќата. Имаме поставено алармен систем и двојна ограда со бетонски столбови и табли од лим, но вакво нешто до сега не сме виделе, раскажува за Сител Боре Божиновски, сопственикот на имотот.

Од фотографиите кои ги испратил Божиновски до редакцијата на Сител може да се потврди штетат која ја направила мечката. Но, стравот кај Боре и неговите соседи е голем. Тие се исплашени дека во потрага по храна може да страда и локалното население. Мештаните апелрираат до институциите да ги преземат потребните мерки за заштита на населението во мавровскиот регион.

ИЗВОР: СИТЕЛ.МК