четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Општини

Мерната станица покажува дека и гевгеличани дишат загаден воздух

Мерната станица покажува дека и гевгеличани дишат загаден воздух

Со настапувањето на сезоната кога во Гевгелија за повеќе намени се користи огревно дрво, мерната станица за амбиентален воздух почна да покажува параметри кои потврдуваат дека и гевгеличани дишат загаден воздух.

Наспроти очекувањата, мерната станица покажа податоци во текот на вчерашниот ден кои потврдуваат загаденост на воздухот во Гевгелија со ПМ 2,5 и ПМ 10 честички кои имаа речиси двојно повисока концентрација во воздухот од граничната вредност која за ПМ 2,5 честичките изнесува 25 а за ПМ 10 честичките 50 микрограми на метар кубен.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков причината за загадениот воздух ја гледа во фактот што на оддалеченост од околу 200 до 300 метри до мерната станица се наоѓаат три големи казани за варење ракија, навика од која граѓаните тешко се откажуваат и покрај сугестијата тоа да го прават надвор од градот. Поради ваквата навика градоначалникот најави и превенирање на појавата со поголемо присуство на терен од страна на инспекциските служби.

Од Министерството за животна средина првично сметаат дека сепак причината за зголемено присуство на ПМ честичките во воздухот е тоа што поголем број гевгеличани ги загреваат домовите со огревно дрво и велат дека наредниов период точно ќе се лоцираат конкретните загадувачи и ќе се предложат мерки за сузбивање на загадувањето на амбиенталниот воздух во Гевгелија.

Коронавирус