недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Општини

Мерко за дивоградбата во Охрид вели дека е легална: Дојдоа охриѓани во голем обем и беше добра атмосферата (ВИДЕО)

Мерко за дивоградбата во Охрид вели дека е легална: Дојдоа охриѓани во голем обем и беше добра атмосферата (ВИДЕО)

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во интервју дадено за новинарот Саше Ивановски, им се обраќа на охриѓани.

-Охриѓани самите треба да си го чистат својот двор. Да не бараат ние да им го чистиме затоа што ние немаме ништо спротивно на закон направено во овој дел. Пак велам, сме за соработка и што треба да му помогнеме. Сум бил на отворање на 10-тина локали, да не речам и хотели и уште ќе одам и на ресторани. Што има врска, јас и колку тука што беа присутни. Јас отидов кај еден мој колега, тој е претседател на огранокот на ДУИ. Јас отидов кај мој член на партија. Јас отидов кај човек или бизнис каде што утре ќе допринесе за Охрид. Тој локал, отворивме муабет, почнува да се гради, може и да се зборува за, да речеме, една година уназад. Каде се бе локалните власти? Каде се државните власти? Штом не го запираш, тој е легален објект. Мене не ми треба јас да се изјаснам за тоа, треба охриѓани да се изјаснат, кои беа во голем обем и беше добра атмосферата, рече Мерко.

Градоначалникот им порача на граѓаните да се ослободат од предрасуди.

-Не дека е Струга мултиетнички град дека има Албанци, дека има Турци, тука има и Македонци и не треба така да се постапува. И сево ова се прави и врз етничка база и се удира врз етничка база, порача Мерко.