вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Општини

Марко и Сара продаваат играчки за да соберат пари за реновирање на изгорениот едриличарски клуб

Марко и Сара продаваат играчки за да соберат пари за реновирање на изгорениот едриличарски клуб

Стружаните Марко и Сара Милески од денеска продаваат играчки и собираат пари за реновирање на едриличарски клуб „Снегар“ во Струга, кој изгоре во пожар во неделата пренесува СДК.мк.

Иако симболичен, овој ангажман на децата е прва јавна акција за собирање пари за поправка на уништениот клуб, чиј претседател Лазо Ѓоргоноски вели дека многумина се јавиле да донираат за реновирањето.

Во пожарот изгореа 33 пловни објекти, а беше уништена и 60-годишната документација на едриличарскиот клуб, а штетата се проценува на 300.000 евра.