четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Манчев: Две години неработење и пустош во Неготино

Манчев: Две години неработење и пустош во Неготино

Две години откако СДСМ ја превзема локалната власт, а бранот на неработење и пустош не ја одмина ниту општина Неготино. Две години откако градоначалник на општина Неготино е Тони Делков и две години очекување да отпочнат со реализиација неговите ветени проекти во изборната програма. Сите ветувања кои ги дадовте градоначалниче пред изборите останаа заборавени, програмите нереализирани, а нема никаков економски напредок во општина Неготино, изјави денеска Петре Манчев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Неготино кој додаде:

„Како показател на ова е реализираниот буџет во третиот квартал, со реализиација не повеќе од 30%, а капиталните инвестиции не се поголеми од 10%.
Граѓаните се сведоци дека во овој период во општина Неготино нема ниту еден проект, нема ниту една мерка која ја направивте и која ќе остане запаметена. Она по што ќе останете запаметени се само непотизамот, вработување на партиски војници и матните тендери. Неготино и граѓаните на Неготино, господине градоначалниче немаат веќе трпение за вашите празни ветувања, оправдувања и барања виновници низ минатото. Доста им е од ветувањата кои се само предизборен маркетинг. И не само тоашто немате реазлицација на ветените проекти вие не сте ни во состојба да ги продолжите претходно започнатите.“

Како што потенцира Манчев нема ниту катни гаражи, нема паркинг простор, нема градски пазар градоначалниче, нема нова градинка, нема атмосферска канализација, а да не зборуваме за повторно активирање на породилниот дом коешто истотака ви беше во предизборната кампања ветување.

-Граѓаните на општина Неготино видоа доволно за овој период,ама не видоа ништо од вашите ветувања.И понатаму насекаде гледаат само смет и нечистотија, ископани и несредени улици, гледаат нови депонии, неискосени и ненавадени тревници. Во градот се пишуваат казни за погрешно паркирање, а не е обезбеден паркинг. Градоначалниче секојдневно сме сведоци на се поголем број фамилии кои гледајќи ја ваквата состојба се иселуваат барајќи ја својата егзистенција надвор од државата. Никогаш повеќе нема да ја вратите довербата кај граѓаните, а тоа ви го кажаа и на последните избори на кој бевте катастрофално поразени, посочи Манчев и подвлече:

„Вие и вашето неработење го докажавте во овие две години, а граѓаните ќе си го кажат своето на следните избори. Колку побрзо сфатите дека проблемот е во вас, а не во народот толку подобро ќе биде за градот и за граѓаните. И крајно време е градоначалниче да почнете да работите за барем по нешто да ве паметат граѓаните.“