вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 177
home Општини

Максим Димитриевски: Куманово е единствениот град којшто има и развива гасификација

Максим Димитриевски: Куманово е единствениот град којшто има и развива гасификација

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во дебатната емисија на телевизија
24 потенцираше дека Куманово е единствениот град којшто има и развива гасификација, го има во домаќинствата и во голем дел од јавните објекти во општината.

Во изминатите четири години испорачани се над 2.100.000м3 гас до потрошувачите. Изградена е 4.500м гасоводна мрежа, доведен е гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи. Исто така, вложено е и во енергетска ефикасност на училиштата.

Во идниот мандат, предвидено е ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина
Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа.

Предвидено е намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските
училишта.

Коронавирус