понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 171
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Македонското знаме како партал се вее во центарот на Делчево – Понижувањата врз чувствата на делчевските граѓани никако да престанат

Македонското знаме како партал се вее во центарот на Делчево – Понижувањата врз чувствата на делчевските граѓани никако да престанат

На јарболот во центарот на Делчево кој што треба да го краси Македонското државно знаме веќе неколку денови на понижувачки начин, испокинато и извалкано се вее остаток од она што треба да предизвикува чувство на сигурност и гордост на делчевчани.

Наместо гордост овие сцени предизвикуваат кај граѓаните чувство на пониженост и гадење.

Пред очите на надлежните ваквата состојба трае веќе неколку денови и не е познато кога истата ќе биде санирана.

За ваквиот однос кон Македонското знаме пропишана е законска норма во која според Член 6 од Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија се вели дека:

“Грбот и знамето на Република Македонија не смеат да се употребуваат ако се дотраени, неуредни, искинати или на друг начин оштетени, или со својот изглед се неподобни за употреба.

Оштетените или за употреба неподобните грб и знаме на Република Македонија се повлекуваат од употреба.”

Слична е состојбата и со Знамето на Општина Делчево, Знамето на Република Македонија и Знамето на Европската Унија кои се закачени на помали јарболи пред летната сцена во центарот на Делчево во состојба која е спротивна со овој закон,

Според овој закон предвидена е глоба од 4000 до 5000 евра за правното лице кое е одговорно за кршењето на одредбите од истиот закон како и глоба во износ од 1500 до 2000 евра за одговорното лице во правното лице кое го крши овој закон.

Надлежни за одржување на Знамето на државата на јарболот во центарот на Делчево се Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) додека надлежни за одржување на знамињата на трите помали јарболи пред летната сцена во центарот на Делчево е Локалната самоуправа.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ реагираа во јавноста со свое соопштение во врска со оваа несакана појава на деградација на Македонското знаме:

“Погазија се што е Македонско.
Перјаниците на СДС ги интересираат удобните фотелји, дебелите плати и хонорари на грбот на народот кој се помалку се идентификува со оваа држава.
Функционерите на СДС од Делчево не се тука да работат и да направат нешто за граѓаните… тие се тука за пари и моќ…
Срамот кој го нанесоа на Македонскиот народ и понижувањата врз делчевските граѓани никако да престанат…
За ваква состојба со државното знаме кое 3 дена се пафта како партал пред очите на сите во центарот на Делчево во нормални држави се одговара пред закон од страна на надлежните…
Ама со СДС на власт ние одамна не сме нормална држава.
Целиот овој кошмар за граѓаните ќе заврши на 12 ти април…
Следува Обнова за Македонија.

Извор: Брегалнички.мк

Коронавирус