недела, 9. мај 2021. Вести денес: 73
home Општини

Македонија се простува од д-р Мицајков: Пред неколку години го скрши ненадејната смрт на неговиот син

Македонија се простува од д-р Мицајков: Пред неколку години го скрши ненадејната смрт на неговиот син

Почина д-р Манчо Мицајков, специјалист хирург кој беше избран за прв градоначалник на Кавадарци во 1996 година.

Тажната вест ја сподели актулениот градоначалник Митко Јанчев на неговиот фејсбук-профил.

„Ќе го паметиме како скромен политичар и народен човек кој довербата од граѓаните ја сфаќаше пред се’ како обврска, а не како привилегија“, напиша, меѓу другото, тој.

Кавадарчани за „Фокус“ раскажуваат дека последните години од животот ги поминал во огромна болка поради загубата на синот.

„Пред неколку години го скрши ненадејната смрт на неговиот син, кој почина доста млад, оставајќи зад себе сопруга и мали деца“, велат тие.

Д-р. Мицајков беше првиот градоначалник на Кавадарци избран од граѓаните на првите слободни повеќепартиски локални избори одржани во 1996 година.

Коронавирус