среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 180
home Општини

Македонија нема „абер“ од гасификација, градоначалниците се фалат со проекти наследени од претходната власт

Македонија нема „абер“ од гасификација, градоначалниците се фалат со проекти наследени од претходната власт

И покрај бројните ветувања за гасификација од страна на актуелната власт за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017 година, резултатите се уште ги нема, дури не се ниту на повидок. Сите сме сведоци дека не е започната изградба на нови проекти, туку се реализираат само проектите кои ги започна претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во исчекување на предвремени парламентарни избори, пропагандната машинерија на власта почнува да се активира. За градоначалникот на Општина Штип преголем успех претставува една вообичаена и редовна институционална процедура – одобрување на инфраструктурен проект, па решил да го сподели со јавноста, претставувајќи го како „Финална фаза на гасификацијата во Штип“. Оваа фаза не е ни почетна, а финална ќе беше ако изминатиов период се изградеше дистрибутивната мрежа, домаќинставата од Општина Штип се приклучеа на мрежата и се чекаше само уште да протече природниот гас до нивните домови.

Според изјавата, станувало збор за изградба на 20 км дистрибутивна гасоводна мрежа. Според должината, ова е доволно да се опфатати само дел од градот Штип. Она што загрижува е тоа дека со ваквиот популистички проект се води грижа само на жителите кои живеат во градската средина, а не и на тие што живеат во селските средини кои припаѓаат на Општина Штип. Зарем овие жители не се еднакви со останатите и не заслужуваат еднаков третман? Една од основните карактеристики на дистрибуцијата на природен гас како јавна услуга е тоа што треба да овозможи природниот гас да биде достапен до што поголем број на корисници.

Кога сме веќе кај дистрибуцијата на природен гас во Република Македонија, која е значајна за да стигне природниот гас до секој дом, училиште, болница или фабрика, колку за потсетување состојбата е следна:

– Претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вложувајќи ги своите напори за развој на дистрибутивни мрежи за пренос на природен гас, изработи Физибилити студија од која произлезе концептот за воспоставување на Јавно приватно партнерство, концепт кој овозможува рамномерен и сеопфатен развој на дистрибутивните мрежи на целата територија на Република Македонија (бидејќи доколку секоја општина самостојно би настапила, во 45 општини е исплатлива гасификација, но во 35 не е исплатлива гасификација). Поаѓајќи од наведеното, следеше објава на огласи и започнување на соодветните постапки.

– Еден од првите чекори кои ги направи СДСМ со преземењето на власта во 2017 година, ги блокира сите процеси поврзани со постапките Јавно приватно партнерство за развој на дистрибутивните мрежи.

– После скоро две години залудно изгубено време, во февруари 2019 година Владата на 119-тата седница донесе одлука за изградба на систем за дистрибуција на природен гас по пат на Јавно приватно партнерство (кој се разликува по тоа што претходно беа определени три региони со речиси еднаков расположив конзум, а со наведента одлука станува збор за едно ЈПП на целата територија на Република Македонија) .

– Откако оваа Одлука помпезно ù се сервира на јавноста, повторно затишје.

– Во септември 2019 година, после речиси осум неполни месеци, на повидок излезе дека споменуваниот концепт не е усогласен од страна на извршната и дел од локалната власт. Всушност, за градоначалникот на град Скопје јавното приватно партнерство е недозволиво, а за министерот за економија тоа е единственото решение .

– Целиот тек на настаните, укажува само на тоа дека се нема сериозен пристап за дистрибуцијата на природен гас, а од тоа најмногу трпат оние на кои природниот гас им е најпотребен и кои со нетрпение го очекуваат. Ова е доволен показател дека дистрибуцијата на природен гас е далеку од реализација.

Контрадикторноста која произлезе од изјавата од Градоначалникот на Општина Штип во однос на одлуката од Владата, покажува на тоа колку не се води сметка во брзиот лов на ситни политички поени. Избрзаните чекори, како оној на Општина Штип, кои имаат за цел само прибирање на ситни политички поени, ќе постигнат само едно – значителен број на општини никогаш да нема да можат да се гасифицираат за сметка на тие како Општина Штип, на кои очигледно не им е важен севкупниот развој на државава.