сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 27
home Општини

Локвенец: Депонијата во Прилеп гори 6 дена, граѓаните се трујат, а власта не е способна да го изгасни пожарот (ВИДЕО)

Локвенец: Депонијата во Прилеп гори 6 дена, граѓаните се трујат, а власта не е способна да го изгасни пожарот (ВИДЕО)

Од 27 јуни до денес 3 јули градската депонија кај Алинци во близина на Прилеп гори и претставува нова еколопка бомба во срцето на Пелагонија. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјоска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Шест дена депонијата во Прилеп гори, а полето е исполнето со чад и канцерогении состојки, кои се голема закана за здравјето на граѓаните, особено на земјоделците кои работат по нивите, но и вработените во странските фабрики во индустриската зона Алинци. Дали за оваа еколошка катастрофа некој ќе одговара и што ли работат од ЈКП „Комуналец“ под чија надлежност е депонијата? Загрижен ли е заменик министерот за животна средина Макрадули бидејќи најплодната рамница во Македонија доживува труење од невидени размери? Дали за оваа штета што се предиизвикува ќе постои одговорност од градоначалникот Илија Јованоски и директорката на „Комуналец“ Ирена Станкоска, или како за се друго луѓето од власта на СДСМ ќе останат недопирливи?, прашува Локвенец.

Таа додава дека вака ли изгледа новиот концепт на старо-новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп Миле Талески и вака ли ќе работи во интерес на граѓаните?

-Во период кога граѓаните се соочуваат со екстремнии горештини само поради неспособноста на власта мораат да дишат и отровен воздух. За тоа колку е сериозен проблемот зборува и оваа фотографија на која се гледа голем облак од чад над градот, иако надлежните велат дека огнот е ставен под контрола. После скандалот во кој граѓани информираа дека тињата и талогот од пречистителната станица се закопуваат во земјоделско земјиште, ова е втор случај на загадување на животната средина пред кој локалната власт молчи. Толку од ветувањата на градоначалникот за еколошки и чиист град. Умира и последната надеж дека овиеи луѓе ќе направат нешто за Прилеп и прилепчани. Поради нивната неспособност да раководат со општината и јавните претпријатија станаа синоним за неспособност како локално раководство во Република Македонија“, истакна Стерјоска Локвенец.