вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Општини

Локализиран пожарот кај Тработивиште

Локализиран пожарот кај Тработивиште

По речиси 24 часа, заврши акцијата за гаснење на пожарот којшто вчера избувна кај селата Тработивиште и Истевник. Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран утринава во 9:30 часот.

-Гаснењето на пожарот, кој што избувнал во атарот на селата Истевник и Тработивиште, Територијалната противпожарна единица го започна вчера околу 11:35 часот со тоа што акцијата поради ветрот се одвиваше под отежнати услови. Утринава во 9:30 добивме дојава дека пожарот е локализиран, велат од ЦУК.

Освен во Делчево, пожар беснееше и во пехчевскиот регион. Таму од огнена стихија беа зафатени месностите Равноборје и Мускови чешми. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалните против пожарни единици од Берово и Виница, Македонски шуми, „Равна Река” и ЈКП „Комуналец” – Пехчево, а најголема помош пристигнала од месното население на кое од општината изразија јавна благодарност за нивната пожртвуваност.