сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 83
home Општини

Легализирани 6100 дивоградби во Велес

Легализирани 6100 дивоградби во Велес

Во Велес од почетокот на процесот на легализација до денес легализирани се 6100 дивоградби.

Раководителот на Одделението за општо-правни работи во општината Елизабета Јовчевска за МИА изјави дека досега се поднесени 9638 барања за легализација на дивоградби од кои позитивно решени се 6100.

– Од останатите 3538 барања, 1547 биле одбиени поради некомплетирање на документите,а 1991 се во фаза за постапување, вели Јовчевска.

Од оваа бројка, минатата 2017 година се легализирани 580 дивоградби, а за четирите месеци од годинава решени легализирани се 32 дивоградби.

– Рокот за поднесување сеуште трае. За оние кои поднесуваат прв пат е до 31 декември оваа година, а за оние кои што имале поднесено барање во 2011 година кое поради некомплетност било одбиено/отфрлено имаат можност да поднесат ново барање до 30 јуни 2018 година, појаснува Јовчевска.

МИА

Коронавирус