четврток, 25. април 2019. Вести денес: 11
home Општини

Лазов: Коцевски доста е со вашите шарени лаги, велешани очекуваат решавање на нивните проблеми

Лазов: Коцевски доста е со вашите шарени лаги, велешани очекуваат решавање на нивните проблеми

Уште еден сликовит пример каде што неспособноста и неинвентивноста на двојазичниот градоначалник Аце Коцевски доаѓаат до израз. Се наоѓаме на местото на кое самонаречениот оперативец Коцевски најверојатно одамна не дошол бидејќи доколку беше спротивното овој горлив проблем одамна ќе беше решеше. Помина речиси една година откако она што го вети се уште не го исполнил, а тоа е санација на карпите од месноста Цуцка и доведување во ред на заштитната ограда и дел од оштетениот коловоз, изјави Кирил Лазов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Лазов додава дека ВМРО ДПМНЕ како одговорна партија и партија која редовно ги препознава проблемите на граѓаните и во оваа прилика од ова место му порачува на градоначалникот:

„Г-дине Коцевски доста беа ветувања или како што милувате да кажете шарени лаги. Ова не е ниту лага ниту несериозност, се работи за опасност по човечки животи и тоа секојдневна. Имавте доволно време доколку сакавте и имавте намера во соработка со ЈП за државни патишта проблемот навреме да го решите меѓутоа очигледно многу попривлечно и подобро ви е два пати неделно да држите прес конференции и да ја замајувате јавноста за вашите наводни успеси.“

-Не заборавајте дека ова е влез во градот и дека треба да го претставува лицето на градот или ако сакате дали барем еднаш до сега сте помислиле како се чувствуваат оние наши граѓани кои секојдневно минуваат на оваа локација стрепејќи за своите животи. Дали не е време наместо да градите хихирику кружни текови, конечно да го решите и овој проблем кој може после овие обилни снегови и дождови да има катастрофални последици.
Засукајте ги ракавите Коцевски, граѓаните на Велес гласаа за проекти и остварувања, а не за лажни ветувања и алиби градоначалник како вас, потенцира Лазов.