понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 173
home Општини

Лашкоска: Ситуацијата во Прилеп е веќе излезена од контрола!

Лашкоска: Ситуацијата во Прилеп е веќе излезена од контрола!

Ситуацијата во Прилеп е веќе излезена од контрола. Во неполни 2 недели, веќе трет пат апелирам до челниците на СДСМ: тргнете ги суетите! Вашата ароганција и несовесност носи само штета и на граѓаните од Прилеп и на граѓаните од цела Македонија!-потенцира Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ,

Нејзиниот Фејсбук статус погледнете го во продолжение:

Во Прилеп не ни требаат парадери, за кои веќе неколку години гледаме оти освен популизам, (на истите тие што деновиве ни парадираат низ Прилеп), друго ништо не им е битно.

Не е срамота да не знаеш, ама срамота е и гревота е заради суета да не прифаќаш подадена рака и понудена помош!

Страдаат граѓаните!

Престанете со тие ваши масовни собири кои секојдневно ги организирате низ Прилеп, делејќи пакети. Го загрозувате здравјето и животот на луѓето кои на сликите кои сами ги постирате гледаме оти на себе немаат никаква заштита. Пакети може да подели и еден човек!

Ги загрозувате здравјето и животот на нашите сограѓани!

– ИТНО во Прилеп се потребни поголем број на тестови за COV 19!

ИТНО!

– Итно е потребна заштитна опрема за здравствените работници!

Најнови вести

Локални избори 2021