четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 91
home Општини

КУРИР РЕТРО: Дали процвета пехчевски Црник?

КУРИР РЕТРО: Дали процвета пехчевски Црник?

После точно 2 години, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска дури вчера се појави во Пехчево.

Наместо селото Црник кое важи за поголема рурална средина преполнета со социјално загрозени семејства, министерката на својата агенда го стави само Пехчево.

Некогаш како претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, во екот на предизборната кампања за парламентарните избори им ветуваше на овие граѓани дека токму Црник и Пехчево може да процветаат, доколку СДСМ дојде на власт .

-Нема да дозволиме област како село Црник која што изобилува со пасишта и шуми, каде што има одлична можност за развој на сточарство и земјоделие, да нема услови за откуп на сирење, млеко, јагниња и сливи. Доаѓа време на заштита и подобар и поквалитетен живот за најранливите, рече Царовска во септември 2016.

Откако пак дојде на власт, село Црник не доби  можности за квалитет на живот преку развој на земјоделие и сточарство,  а не ги доби ниту ветените 12 илјади денари за секое четиричлено семејство, потврдуваат жителите на Црник.

Вчера Царовска, наместо во село Црник каде ја очекуваа граѓаните да каже што се случи со неисполнетите ветувања дека по промените први ќе бидат заштитени, таа во центарот на Пехчево ја бараше поддршката за претстојниот референдум.

,

Селото Црник е место со над 800 жители, каде живеат голем број на социјално загрозени семејства. Жителите на ова село велат дека се изманипулирани со што животот им станал многу полош од некогаш.

Според расположливите податоци, во Македонија околу 450 илјади граѓани живеат под линијата на  сиромаштија, не можејќи да ги задоволат основните егзистенционални потреби за живот.

Коронавирус