вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 15
home Општини

ФОТО: Кумановци на протест против загадениот воздух

ФОТО: Кумановци на протест против загадениот воздух

Денеска и Кумановци излегоа на протест против загадениот воздух.

Како што велат тие Куманово последните денови е меѓу најзагадените градови во светот, а причината за тоа е негризата локалната власт, притоа посочувајќи дека во секоја населба од градот има по неколку диви депонии.

Велат дека до градоначалникот ќе поднесат краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето.

Бараат рестриктивно возење автомобили, бесплатен јавен превоз, ваучери за велосипеди, пешачки зони…

Долгорочните барања се 5 отсто од буџетот да се намени за мерки против загадување, интензивна гасификација, купување автобуси на мазут, масовно пошумување на околината на градот.

Коронавирус