петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Крушево подготвено за Нова година, исполнети речиси сите сместувачки капацитети

Крушево подготвено за Нова година, исполнети речиси сите сместувачки капацитети

Крушево е подготвено за Новогодишните и за Божиќни празници. Речиси се исполнети сите сместувачки капацитети, информираат од крушевската локална смоуправа.

Според грдоначалникот Томе Христоски, интересот Новата Година да се пречека во Крушево е голем.

-Се пополнуваат и последните слободни места во Крушево, а оваа година покрај одличната забава што ја нудат кафулињата, рестораните, пицериите и хотелите, организираме и заеднички пречек во центарот на Крушево, вели Христоски.

Поголемиот број од угостителските објекти веќе ги имаат објавено новогодишните понуди и се очекува капацитетите да бидат исполнети до последно место.

На градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ ќе настапи македонската пејачка Александра Јанева, а за атмосферата претходно ќе се погрижи Ди џеј Хуго.

Според локалните власти, Крушево е вистинска дестинација за туристите.

-Во споредба со 2017 година, оваа година до август, Крушево го посетиле 67 отсто повеќе туристи во споредба со истиот период лани. Дополнително, оваа и наредната 2019 година организираме многу повеќе културни настани кои ќе придонесат кон зголемување на бројот на туристите, потенцира Христоски.

МИА

Коронавирус