недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Општини

Крлев: Вработувањата за кои толку многу се говореше останаа само надеж за велешани

Крлев: Вработувањата за кои толку многу се говореше останаа само надеж за велешани

Инвестицискиот бум кој тенденциозно се најавуваше во локалната стратегија „За подобар живот“, за жал останаа само празно ветување на хартија кое бледее. Вработувањата за кои толку многу се говореше останаа само надеж за велешани, истакна Златко Крлев, претседател на комисијата за економија во ОК Велес.

-До кога локалните власти ќе веруваат во сопствените лаги со уверување дека велешани не се свесни за хипокризијата која им ја пласираат? До кога наместо нови странски инвестиции во индустриските зони „Речани“, „Узус“, „Караслари“, „Порцеланка“ и „Мамутчево“ во кои ќе се вработуваат велешани, институциите ќе ги полните со партиски кадри и послушници. До кога ќе ја продолжувате тенденцијата на превработеност во ЈКП „Дервен“?, праша Крлев и додаде:

„За жал, последната поголема инвестиција која му се случи на градот е отворањето на германската фабрика „Маркарт“ во која многу семејства ја обезбедуваат својата егзистенција. Но за потсетување, Маркарт се отвори во времето кога Општина Велес ја водеше градоначалник и советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот тој период која ВМРО беше на власт се отворија и другите фабрики во кои се вработени многу велешани: „ Дрекслер Мајер“, „Ван Хол“, „Џонсон Мети“ и др. Што направивте вие? Со кое лице и со каков образ ќе излезете пред велешани и со кои аргументи за инвестиции што не постојат, ќе им кажете дека можете да ги водите по прав пат? Целата надеж на велешани беше во вицепремиерот Анѓушев, кој наместо да се заложи да го развие економски својот град, остави пустош во него, бетонирајќи ја својата монополска позиција во градот, а за воља на вистината и во државата со измени на законите за тргување и производство на електрична енергија“.

Додека Анѓушев, потенцира, користејќи ја својата позиција, за една година печали милионски суми на пари, граѓаните на Велес се сведоци на се поголем број затворени фирми и енормно иселување од градот, град кој беше познат по развојот и индустријата.

-Ниту од локалната власт не се загрижени многу за загубата на луѓе кои евентуално би влегле во инвестиции со тоа што и во веќе постоечките зони нема еден проект за подобрување на инфраструктурата и условите за работа на фирмите кои покрај купување на социјалниот мир преку вработувањата, го полнат и буџетот на општината како даночни обврзници. Токму поради ваквите политики нема ни надеж за подобрување на ситуацијата во реалниот сектор, ниту пак очекуваме зголемен прилив на средства во општинската каса за сервисирање на услугите на граѓаните. Но велешани помнат и знаат да казнат! Дванаесетти Април е денот кога започнува обновата. Обновата за Македонија!