петок, 25. септември 2020. Вести денес: 161
home Општини

Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње

Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње

Кривична пријава поднесе СВР Тетово против градоначалникот на Боговиње, кој е осомничен за „несовесно работење во службата“.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(49) од тетовското село, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, се наведува во соопштението на МВР.

Првопријавениот, во текот на јули 2020 година, како градоначалник на општина Боговиње, постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластување и, спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с.Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за отпочнување на градба.

Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M.A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности, се додава во соопштението.

Коронавирус