четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 46
home Општини

Кратовчани се прашуваат: Најдоброто за Кратово или најдоброто за сопствениот џеп ?!

Кратовчани се прашуваат: Најдоброто за Кратово или најдоброто за сопствениот џеп ?!

Десетина дена не’ делат од денот на локалните избори во Македонија.Се наоѓаме при крај на изборната кампања каде што партиите одржуваат митинзи и ги претставуваат своите кандидати за градоначалници и кандидати за советници.

Еден од кандидатите за советници во општина Кратово од коалицијата на СДСМ за претстојните локални избори е и Јорданчо Лазаревски кој во моментот е на позиција раководител на подружницата на Македонски Шуми(по нивно национални)во Кратово со примања помеѓу 30 и 38 илјади денари,неговата сопруга е вработена (на договор на дело) во општинската администрација и е со примања од 20 илјади денари.

Покрај тоа истата е член во УО на хидросистемот “ЗЛЕТОВИЦА”каде што членувањето е платено со 10 илјади денари месечно.

Ако на сите овие примања се додаде и паушалот од 14 илјади кој како советник Јорданчо ќе го зема од општинската каса може да се води дека во џебот на овој кандидат месечно се слеваат повеќе од 70.000 денари.

Кратовчани од кои голем број се на работ на егзистенцијата и секој нареден месец им е ново искушение со право се прашуваат..Дали овој навистина е најдоброто за Кратово или само за сопствениот џеп!

Локални избори 2021