вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 117
home Општини

Костовски: Скандал во општина Бутел

Костовски: Скандал во општина Бутел

Мега СКАНДАЛ во Општина Бутел !

Општината броела 47 вработени во 2017, сега има 250 !

Меѓу останатите пријатели и партиски пајташи има и блиски роднини на градоначалникот за кои признава во ова видео.

Имам неколку директни прашања за Велимир Смилевски :

1.Бидејки вели дека неговиот братучед Димишковски е Албанец, дали и Смилевски се чуствува како Албанец ?!

2.Дали блиските роднини кои се неколкумина, смее како градоначалник да ги вработи во Општина Бутел согласно закон ?!

3.Дали овие 200 нови вработувања за две години се оние кои што ги ветуваше пред избори !? истите му ги спомнував на ТВ Дебата пред изборите тој тогаш ги негираше ….

4.Колкав е процентот на вработени Македонци од новите 200 вработувања ?!

5.Дали Смилевски смета дека презимето Димишковска е типично албанско презиме !?

6.Дали со ваквото понижување на Албанците ќе смета повторно на нивната поддршка !?

7.До каде ќе води оваа бесрамна, недомакинска и улична политика на Општина Бутел !?

8.Дали Антикорупциска има доста работа во Општина Бутел !?

9.Дали систематизацијата за вработени за Општина Бутел брои 70сетина работни места !?

10.Дали овие 250 вработени имаат место каде да седнат, и дали има реална потреба од сите нив !?

11.Дали парите на општината одат во вработувањата и затоа во Бутел не е ниту шајка закована !?

P.S За ред во тоалет во Општина Бутел се чекало по 20 минути

Напиша на Фејсбук, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус