вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Општини

Костовски: Останувам на ставот против изградба на згради во Бутел, бидејќи може да се наруши начинот на живот

Костовски: Останувам на ставот против изградба на згради во Бутел, бидејќи може да се наруши начинот на живот

Новиот градоначалник во општина Бутел, Дарко Костовски за „Утрински брифинг“ истакна дека неговиот став во однос на нови згради во Бутел останува непроменет и тој е не за згради во општината, затоа што тоа ќе го наруши начинот на маалски живот на кој се навикнати жителите на Бутел.

Костовски потенцираше дека тој став го застапуваше за време на кампањата и тоа нема да се промени и покрај одредени придобивки што ги има од нови згради како голем број на средства од комуналиите кои се плаќаат за тие згради.

– Еден дел од кампањата моја се базираше на тоа дека во Бутел не треба да има згради. Сметам дека треба да се задржи тој маалски тип на живот, и покрај тоа што комуналиите од згради носат доста пари во општинската каса. Но, од друга страна бутелчани навикнати да си го водат тој маалски начин на живот и таа населба не е конструирана за згради, рече Костовски.

Тој истакна дека секаде каде што направиле згради изминативе години, со по 300-400 станови огромно е незадоволството во тие делови на општината, бидејќи тие работи на сила биле изведени.

Коронавирус