петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 25
home Општини

Костадинова: Заев е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје

Костадинова: Заев е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје

Граѓаните на цело Скопје се соочени со еколошка катастрофа. Во текот на вчерашниот ден беше невозможно да се дише во Кисела Вода, Лисиче и делови од Аеродром. Никој не знае какви последици ќе остави хаваријата во „Охис“ по здравјето на граѓаните. Жителите на Кисела Вода, барем оние кои имаа каде да заминат, ги напуштија своите домови. Отидоа кај роднини или пријатели само да се заштитат себе си и своите најблиски, изјави денеска Даниела Костадинова, советник во општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Човекот кој не пропушта шанса да се фотографира и појави пред медиумите, Зоран Заев го нема никаде. Тој е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје со оглед на фактот што чистењето на просторот во „Охис“ е под надлежност на Владата. Додека граѓаните беа во паника, никаде го немаше ниту Макрадули, ниту градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Што ли треба да се случи за некој од власта да понесе одговорност. Време е власта да се соочи со последиците од неспособноста.“

-Јавноста мора да добие одговор дали фирмата која е овластена да го менаџира токсичниот отпад има лиценца за управување со токсичен отпад и отрови? Доколку нема дали воопшто некој од власта и вршел контрола? Одговор мора да има и на прашањето дали стечајниот управник и судијата потпишале договор уште во февруари за дислокација на дел од опасните супстанци како што се течниот хлор и метил акрилат, но досега ништо не е преземено иако парите се исплатени. Дали во Владата се свесни дека доколку се случи хаварија со само еден канистер со 30 литри хлор истечен, ќе треба да се евакуира цело Скопје, а целата количина од 15-тина тони може да контаминира 1/3 од Македонија? Човечки животи се во прашање, во прашање е здравјето на граѓаните, одговорност мора да има!, потенцираше Костадинова.