недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Општини

Коронавирусот ја зема и 19-тата жртва од Велес, денес починаа уште 3 лица

Коронавирусот ја зема и 19-тата жртва од Велес, денес починаа уште 3 лица

Коронавирусот ја зема и 19-тата жртва од Велес. Денес почина осумдесет и осумдесет и девет годишен велешанец.

Во денешната статистика има уште 2 починати пациенти од Ковид 19. Животот го загубија пациенти од општина Градско, на 65 годишна возраст и на 79 годишна возраст, објави порталот ВелесДенес.

За изминативе 10 дена во велешката болница починаа 8 пациенти, од кои 5 велешани, 2 од Градско и еден пациент од Свети Николе.

Во моментов на Инфективното одделение во Велес има 33 пациенти, 30 се позитивни на корона тестот, додека за тројца се чекаат резултати од тестирањето.

Коронавирус