четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Општини

Коронавирусот откажа 10.000 ноќевања во Охрид

Коронавирусот откажа 10.000 ноќевања во Охрид

Околу 10.000 ноќевања на гости од Кина, Јужна Кореја, Јапонија, но и Турција се откажани за март и април поради ширењето на корона вирусот низ светот. Исто така и 99% од сите тури со гости од азискиот пазар, кој беше најбрзорастечки на глобално ниво, за наредите месеци се откажани. Лоша е состојбата и со резервациите за летово од Холандија и Полска. Сè е ставено на чекање.

Како што тече и доаѓа времето за почетокот на сезоната, општо луѓето ќе имаат страв од патување. Со тоа ќе осетиме пад на бројот на гости во сезоната – изјави Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Една епидемија може целосно да ги анулира сите можни емотивни карактеристики на туризмот, а со тоа и на охридскиот туризам. Точно оваа појава сега на епидемија рапидно ќе се одрази врз туризмот и во вакви средини, каде Кинезите доаѓаа во една комбинирана тура низ Балканот… – рече Науме Мариноски-професор на факултет за туризам.

Во една ваква ситуација, од туристичкиот сектор велат дека државата треба да бара алтернативни пазари и оти поголемо внимание месециве треба да им се посвети на домашните туристи.

Од друга страна јас очекувам зголемување на домашните гости во овие региони на Охрид и Струга. Препораките да не се патува надвор од своите држави, тоа е што ќе го намали бројот на гостите. Мислам дека ќе има зголемување на домашни гости баш поради овие причини – нагласи Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

За жал, туризмот е дејност која многу често е изложена на разни надворешни влијанија, потсетуваат од Факултетот за туризам. Изминативе денови беа откажани и групи со 900 туристи од Грција, па од планираните 90 автобуси, пристигнале само неколку.

ИЗВОР:АЛСАТМ

Коронавирус