вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home Општини

Коњановски во обиколка на објектите каде што се предизвикани штети

Коњановски во обиколка на објектите каде што се предизвикани штети

По серијата земјотреси кои се почувствуваа во Битола и предизвикаа штети врз куќи, згради и други објекти, како пукање на тавани и ѕидови, градоначалникот на Битола Тони Коњановски излезе на терен со дел од кризниот штаб.

„Вечерва сум на терен со дел од кризниот штаб кој ќе биде мобилен и активен во текот на целата ноќ. Ги посетивме Итната помош и Противпожарната единица, како и делови од градот каде доминираат висококатници и има поголеми штети. Исто така Би сакал да ги известам граѓаните дека на утрешната седница на Совет ќе биде предложена дополнителна точка на дневен ред за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот“, рече градоначалникот Коњановски за Тера Тв со кој се сретнавме пред зградите кај Техничкото училиште.

Коронавирус