четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Општини

Коњановски: Равенката е многу едноставна, СДСМ помножено со Кондовски е еднакво на нула реализација на проектите за Битола

Коњановски: Равенката е многу едноставна, СДСМ помножено со Кондовски е еднакво на нула реализација на проектите за Битола

Граѓанската иницијатива е основа и мотив за идната наша работа во локалната самоуправа како градоначалник секако, сите теми беа добро конципирани, си ги искажавме своите идеи тоа се дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ која јас треба да ја реализирам во наредните 4 години. Конкрентно би се задржал најмногу на полето на екологијата која е моја област на внимание, најмногу сакам да искажам дека во минатите 4 години цели политички кариери се креираа, се формираа врз основа на една граѓанска иницијатива за чист воздух. Луѓето направија политичка кариера на оваа тема градејќи се и како личности да кажам дека клучните капитални проекти во делот на прочистителната станица топлификацијата и гасификацијата беа целосно стопирани во изминатиот период на реализација секако тоа ќе мораме да го откочиме ќе мораме да преземеме многу работи, секако во содејство и со генералниот урбанистички план кој треба да се носи, истакна Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

-Исто така беа во целосен застој и инвестициите она што можам да го констатирам од програмите што го слушнав посебно од програмата од мојот противкандидат од СДСМ, се работи повторно ќе речам за ист концепт за иста реализација, реализација нула, а и во идниот период кој следи равенката е едноставна СДСМ реализација нула, како и новиот лик и равенката е многу едноставна да се одговори, равенката е нула!

Локални избори 2021