вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 168
home Општини

Коњановски: Очекуваме нови инвестиции, да ги откочиме процесите кои 4 години беа стопирани

Коњановски: Очекуваме нови инвестиции, да ги откочиме процесите кои 4 години беа стопирани

Прво да заблагодарам за огромната поддршка од граѓаните на Битола кои ја дадоа во неделата, за нивната храброст, достоинствена одлука, излезеност во масовен број. Тоа го очекувам повторно и во недела, Тони Коњановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Битола.

-Низ целата наша програма провејува фактот дека локалниот економски развој во основа на се, за развојот на Битола, пред се. Очекуваме нови инвестиции, очекуваме да ги откочиме процесите кои беа стопирани во изминативе четири години. Знаеме дека во Битола нити една странска инвестиција или домашна инвестиција не доби можност. Веројатно вратите на Општината беа затворени. Со помош еве на претседателот Христијан Мицкоски тоа го кажа, ние и во повеќе наврати разговаравме за тоа, во најава е нова инвестиција и не само таа, очекуваме она што граѓаните младите да си ги задржиме само преку локалниот економски развој и отворена врата на Општината за нови инвестиции и за нови вработувања во Битола. Само на тој начин можеме да излеземе од оваа баруштина која се наоѓаме, истакна Коњановски.

Коронавирус