среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Гарантираме еднакви услови за живот и во градот и во селата – гарантираме инфраструктурна преродба на Битола, сега и веднаш!

Коњановски: Гарантираме еднакви услови за живот и во градот и во селата – гарантираме инфраструктурна преродба на Битола, сега и веднаш!

Гарантираме еднакви услови за живот и во градот и во селата. Сите граѓани се исти и имаат еднакви права! Ние гарантираме инфраструктурна преродба на Битола, сега и веднаш!, изјави денеска кандидатот за градоначалник нод редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Битола Тони Коњановски.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјават на Коњановски:

За руралните средини во поранешните општини Бистрица, Кукуречани и Цапари, Општината ќе има загарантиран годишен буџет, односно граѓаните сами ќе ги одредуваат приоритетите, за тоа кој проект во кое населено место и во која година ќе биде имплементиран.

За ДОЛНО ОРИЗАРИ гарантираме изградба на инфраструктура и улична мрежа низ селото, како и улично осветлување од Цермат до мостот во Д. Оризари со бележење на велосипедска патека како и нова училишна спортска сала.

Во Горно Оризари гарантираме завршување на локалниот пат с. Крклино – Г. Оризари, гаранитраме изградба на ул. „Стара чешма “ кај Плинмонт и изградба на улицата „Васил Брклевски”.

За КРАВАРИ гарантираме реконструкција на спортското игралиште и средување на инфраструктурата на сите улици.

За Лавци гарантираме проширување на патот со замена на тампонот од банкините со камена коцка и чистење на каналите по должина на локалниот пат од двете страни и изградба на улично осветлување по должина на локалниот пат до селото.

За Буково, гарантираме проширување на локалниот пат и изградба и покривање на каналите покрај патот и изградба на секундарна канализациона мрежа низ селото.

За Цапари, гарантираме реконструкција на патот до текстилната фабрика.

За Логоварди гарантираме изградба на улична мрежа низ селото .

Гарантираме реконструкција на локалниот пат за село Дихово и изградба на комплетна инфраструктура на локалниот пат за селото Брусник.

Во Братиндол гарантираме изградба на спортско игралиште во рамките на училишниот двор.

Почитувани, заедно влеговме во оваа борба за подобри и еднакви услови за живот на сите граѓани во општина Битола. На 31 октомври да ја завршиме со ПОБЕДА и да работиме!, повика Коњановски.

Коронавирус