вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 177
home Општини

Колегите застанаа зад доктор Јовановски и ја поддржаа неговата кандидатура за градоначалник на Кичево

Колегите застанаа зад доктор Јовановски и ја поддржаа неговата кандидатура за градоначалник на Кичево

Централната комисија за здрaвство на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кичево одржа седница. Освен членовите на Комисијата присуствуваа и претставници на ОК Кичево, гости. Присутните дадоа едногласна поддршка за уште поголем успех и напредок, стои во Фејсбук статусот на д-р Александар Јовановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кичево.

Тој напиша дека на седницата стана збор за актуената состојба во здравствениот систем, со особен осврт кон фактот што бројката на починати од корона надмина 7 илјади.

– Со ова Македонија се рангираше на трето место по починати на светската листа и на второ на европската. На Комисијата се разговараше и за истрагата во врска со модуларната болница во Тетово која изгоре, а изгореа и 14 лица, како и за модуларната во близина на Инфиктивна клиника во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје, додава Јовановски во својата објава.

Коронавирус