сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Кол центарот на Кавадарци од денеска и официјално во функција на 13 300

Кол центарот на Кавадарци од денеска и официјално во функција на 13 300

Од денеска кавадарчани на телефонскиот број 13 300 ќе можат да ги пријавуваат сите проблеми со кои се соочуваат, а за кои надлежна е општината и јавните претпријатија. Денеска и официјално беше претставен новиот проект кој го реализира Локална самоуправа Кавадарци. Повикувачкиот центар ќе работи 24 часа, седум дена во неделата.

На денешната прес конференција беше претставен овој проект, но и другите технолошки проекти кои ќе придонесат за подобри услуги кон граѓаните и поголема безбедност во општината.

„Кол центарот официјално започна да функционира пред десетина дена. Се наоѓа во посебна просторија на општинската зграда. Ќе се обработуваат повеќе информации. Ќе се примаат повици од граѓаните. Поврзан е со сите важни служби од општината, ЈП Комуналец, против пожарната единица и ЈП „Паркинг.“ рече Александар Ѓорѓиев, раководител на ИТ секторот .

Се поголемото оштетување на општинскиот имот, општината ја чини околу 6 милиони денари. Поради таа причина во завршна фаза е проект за видео надзор на територијата на општина Кавадарци.

„ Ќе бидат опфатени околу 20 локации и влезовите вфо градот. Видео надзорот се поставува исклучиво за заштита на зелени површини, заштита на пешачки патеки, сообраќајни знаци, семафори, заштита од диви депонии и се што е пропишано во законот. Овој систем ќе функционира во согласност со законите. Сите локации каде ќе се врши видео надзор ќе бидат обележани“ нагласи Ѓорѓиев.

Во наредна фаза видео надзорот ќе биде и во функција на регулирање на сообраќајот.

Воведен е систем за радиокомуникациска врска. Поврзани се мој општинар, јавните претпријатија Комуналец и Паркинг и против пожарната единица, за да може да се интервенира во најбрз можен рок, кога се во прашање, дефекти, пожари, манифестации.

Во теке и имплементација на софтвер за подземен катастар.Во тек е и имплементација на софтверско решение за попис и статистика на сите зелени површини, заради заштита и проширување на зелените површини.

„Направивме проект сопствено исцртување на сите главни сообраќајници во google stret view, каде може да се прави разгледување во 360 степени достапно за сите граѓани. Општина Кавадарци во последните неколку години бележи голем економски раст. Прогресивното развивање на Општина Кавадарци во поглед на позитивните економски случувања, подобреното општество во кое младите наоѓаат простор за градење кариера и напредок, доведе до идеја за еден ваков проект, се со цел да помогне да го подигнеме квалитетот на живеењето во нашата општина. Во време кога градовите се соочуваат со огромни економски и еколошки предизвици, токму технологијата може да биде клучен фактор за надминување на градските проблеми и унапредување на урбаното живеење“ нагласи раководителот на ИТ секторот во општина Кавадарци.

Во кол центарот предвидено е да се обработуваат сите податоци кој ќе се добиваат од терен , да се информираат надлежите институции кој ќе бидат опфатени во системот , некогаш да се даваат и конкретни задачи или налози за работа, на службите во зависност за кој сегмент се работи и каде треба да се проследи информацијата.

„Во кол центарот пријавите и прашања кој ќе пристигнуваат од граѓаните , се евидентираат во софтвер и во зависност од типот на проблемот и пријавата автоматски се распоредуваат на лица кој се назначени да ги решаваат истите да интервенираат и да одговорат. Тука имаме и и мерење на ефикасност за колку време е одговрено, дали е решен проблемот по пријавата и опис на направената интервенција !“ рече раководителот на кол центарот, Даниел Чолаковски.

Градоначалникот Митко Јанчев информира дека водоснабдувањето на Кавадарци се следи онлајн преку „скада ситем“. Во секој момент има информации колкави се резервите на вода, колкав е дотокот на вода, а по зони се следи и потрошувачката на вода.

„Станува збор за едни крупни макпотрпни и модерни проекти. Кол центарот е поставен на едно највисоко ниво. Од денеска денеска со 13 300 ги решаваме сите проблеми кои ќе ги пријават граѓаните во било кој дел од денот. На овој број не е потребна ниту привилегија ниту познавање. Едноставно проблемот да се пријави на 13 300. Со видео надзорот кој наскоро ќе почни да работи, ние како град ќе ја зголемиме безбедноста на сите граѓани, заштитата на нивните имоти и заштитата на урбаната опрема и објектите сопственост на општината“ рече Јанчев.

Тој најави дека во наредниот период уличните светилки ќе се вклучуваат по ГПС систем. Со овој систем нема да се троши електрична енергија непотребно, бидејќи светилките ќе се вклучуваат тогаш кога е потребно.

„Ние сме прва општина во државата која ги има овие два сектори и се надевам дека и другите општини ќе преземаат пример од нас од овие проекти, бидејќи тоа е правиот момент да се реагира во интерес на граѓаните. Овие проекти не чинат околу 4,5 милиони денари, занемарливо сума во споредба со она што го добива општината и граѓаните. Во наредниот период со законски измени истиот систем за видео надзор ќе може да го користи и полициска станица од општа надлежност, со мала надоградба на камери и сензори“ додаде Јанчев.