петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Општини

Кочани на нозе поради енормно загадениот воздух (ВИДЕО)

Кочани на нозе поради енормно загадениот воздух (ВИДЕО)

Протестите за чист воздух во Кочани продолжија и денеска, откако беа блокирани патните правци Кочани-Пониква и Кочани-Пантелеј.

На денешните протести беа истакнати транспаренти со пораки до локалната и централната власт кои што заборавија на своите ветувања кои ги имаа дадено пред да дојдат на власт.

На транспарентите пишуваше: „Сакаме ист воздух“, „Здравјето нема цена“, „Не ја загадувај мојата иднина“, „Нема воздух, нема мир“.

Граѓаните велат дека градоначалникот на Кочани заборави дека лично тој е одговорен за заштитата на животната средина. Николчо Илијев е најодговорен и за работата на КЈП Водовод под чија ингеренција е депонијата во Кочани, која е најголемиот загадувач на животната средина во Кочани.

Граѓаните на Кочани му порачаа на градоначалникот дека е време власта да се освести и да ги испорача ветуваните проекти.