петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 131
home Општини

Коцев: Се решаваат повеќе децениски проблеми во општина Зрновци, конечно домаќинствата во селата Видовиште и Мородвис ќе имаат постојано водоснабдување

Коцев: Се решаваат повеќе децениски проблеми во општина Зрновци, конечно домаќинствата во селата Видовиште и Мородвис ќе имаат постојано водоснабдување

Денес при посетата на општина Зрновци од страна на потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија господинот Миле Лефков и господинот Зоран Коцески извршивме увид во градежните зафати и активности во село Видовиште во зафатот на Видовишка река каде што после целосно уредување и доопремување ќе се изврши и наредни градежни активности односно изградба на нов резервоар и чистење на постоечкиот таложник, и чистење на постоечкиот резервоар, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

-Со овие активности конечно ќе се реши овој децениски проблем во село Видовиште односно постојано водоснабдување на домаќинствата во село Видовиште. И извршивме увид на местото каде што во наредниот период ќе се изврши инвестиција од околу 3 милиони денари во село Мородвис односно изградба на брана зафат и изградба на каптаж. После овие дејствија ќе се изгради и нов резервоар исто така од 60 кубика со што исто така на овој начин ќе се реши постојаното водоснабдување во селото Мородвис на сите домаќинства.

Ова сето го имаме предвидено во програмата и како приоритет на нашите работи се зафативме со решавање на овие активности, додаде Коцев.

Коронавирус